(ДОКУМЕНТ) Ковачки: Зарко Милошевски е унапреден и награден од Ковачевски и Зечевиќ во директор на АНБ затоа што го потпишал пасошот на Онишченко

Зарко Милошевски, е истурен играч на Виктор Димовски и Миле Зечевиќ. Милошевски е вработен во службата во време на СДС, а унапредуван во време на Зечевиќ. На местото директор на АНБ доаѓа од позицијата Помошник директор за безбедносни проверки. Тој е на висока позиција во АНБ веќе 7 години. 7 години Милошевски е вмешан во голем број случаи за издавање Македонски државјанства. Таков е и случајот Онишченко, ова денеска преку прес-конференција го истакна Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

-Документот – позитивната оценка од АНБ за давање на Македонско државјанство на рускиот олигарх и шпион Александар Онишченко кој е објавен на социјалните медиуми е доказ за нашите тврдења дека сегашниот директор на АНБ Зарко Милошевски е една од причините поради која истиот добил Македонско државјанство. Од документот објавен на социјалните медиуми се гледа дека: Агенцијата за национална безбедност во допис од 03.03.2022 година го известува Секторот за Управни и надзорни работи при МВР дека за лицето Александар Онишченко не постојат пречки од безбедносен карактер кои би спречиле издавање на Македонско државјанство. Позитивното мислење од АНБ е одговор на Барање за проверка од МВР од 26.04.2021 година. На кое АНБ одговара скоро цела година подоцна односно на 03.03.2022 година. Потенцирам, барањето мислење до АНБ е доставено додека премиер на владата е Зоран Заев, а е дадено во време кога со владата управува Ковачевски. И тоа истата е дадена за 3 месеци откако доаѓа Ковачевски на чело на владата, иако претходно со Заев МВР чекало за проверката повеќе од 9 месеци, вели Ковачки.

Тој прашува зошто откако Ковачевски доаѓа за премиер случајот Онишченко во АНБ се решава за неполни 3 месеци и зошто документот е потпишан од Зарко Милошевски?

-Имено од документот со кој се дава позитивна оценка од АНБ за прием во државјанство на Онишченко јасно се гледа дека истиот во крајна инстанца е одобрен од страна на сегашниот директор на Агенцијата, Зарко Милошевски. Зарко Милошевски го одобрил документот и ги верифицирал и легитимирал проверките, кои сега гледаме дека не биле направени, а Виктор Димовски како тогашен директор само се потпишал на веќе изготвениот документ. Зарко Милошевски е директно одговорен за безбедносниот пропуст направен од АНБ за случајот Онишченко, и во ниту еден случај не смеел да биде поставен за директор на Агенцијата, особено не додека случајот се уште не е расчистен. Ковачевски повторно излезе цвикатор и не дозволи завршување на работата на собраниската комисија, туку брзаше да назначи нов директор и видете апсурд – сега треба да ја продолжи истрагата и би требало да се истражува самиот себе додека бил помошник директор? Поставен ли е Зарко Милошевски на таа позиција бидејќи 7 години го печел занаетот како одговорно лице за безбедносни проверки во АНБ, и како таков е човек кој е поврзан со давање на најголемиот број на Македонски државјанства на странци врз основа на постоење на особен економски интерес?, прашува Ковачевски.

Постави одговор

Your email address will not be published.

ZBOR.COM.MK