Котлар: Манипулативен е наративот што доаѓа од членовите и преговарачите во историската комисија, бидејќи тие не се луѓе од бирото за развој на образованието
Историските вистини не се потребни во политичката сфера во договори и спорови, ниту пак се интересни за други политички варијации, истакна Наташа Котлар во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа Телевизија.
„Сите овие постапки кои ги прави Владата преку Министерството за надворешни работи е тоа дека фактични ги руши македонските институции. Една држава се брани ако вие ги јакнете државните институции. Ако таа Влада имала потреба да консултира од научниот свет си постојат постапки како тоа се прави и на кој начин“, рече Котлар.
Котлар посочи Договорот за добрососедство е изворот на сите последователни проблеми што доаѓаат од месец за месец.
„Ако државата вас ве изневери вие исто нема да бидете лојални кон таа држава тогаш зошто да бидеме ние лојални кон нешто што во се не напуштило и дури ни создава состојба дека ние прво не треба да бидеме образовани ако зборуваме за ситуацијата која не ги нуди Министерството за образование, со несоодветни учебници. Лошо образовани генерации тоа се загубени генерации“, вели Котлар.
Таа додаде дека 75-80% од луѓето на летните протести бараа соодветни промени и реагираа на политиките на оваа власт.
„Тие беа искажан од различни институции кои тоа им е работа. Вбројувајќи се како човек во тие 75-80% од луѓето сметам дека ако не се избориме со оваа номенклатура во моментот тогаш ќе биде многу погубно“, изјави Котлар.
Котлар кажа дека наративот што доаѓа од членовите и преговарачите во комисијата за историја е многу манипулативен
„Тие не се луѓе од бирото за развој на образованието. Оваа држава во текот на 30-тите изминати години и претходно изградила институции кои треба да се занимаваат со образование и методолошка постапка, дидактичка, педагошка постапка и ветотска постапка тоа е бирото за развој на образованието“, децидна е Котлар.