РЕЗИЛ: ЌЕ ГО ПОНИШТАТ ОГЛАСОТ ЗА КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ, ЗАШТО АЛБАНЦИТЕ ШТО ПОЛОЖИЛЕ НЕ СЕ ОД ДУИ, А ПОМИНАЛЕ ДЕЦА ШТО „СЕ НИЧИИ“

Тројцата членови на управниот одбор на МНАВ и директори во агенцијата: Фахрудин Хамиди, Миѓан Селмани и Влатко Крстевски, сакаат да го поништат огласот за контролори на летање, зашто од 270 пријавени, положиле само 8 кандидати, меѓу кои не се нивните, а ни пријавените деца на функционери од ДУИ, објави порталот Сакамдакажам.

Меѓу најдобрите 8, се и тројца момчиња Албанци, едни од највисокорангираните по поени и тестови. Особено едниот од нив, „згазил“ на тестирањето. Но, тие не се вистинските што требаше да влезат, велат од Синдикатот на контролори на летање.

Тестирањата и селекцијата ги правел тренинг центар од Данска. Но, откако меѓу тие што ги поминале строгите критериуми не се нашле имињата на „нашите“, особено дека најдобрите три Албанци „се ничии“, раководството на МНАВ се посомневал во компетентноста на Данците. Сега тричлениот одбор бара отчет од Данска зошто отпаднале другите кандидати.

Меѓу тие што отпаднале уште во првиот круг се и три деца на два члена на УО: едно на Селмани и две на Крстевски, велат од Синдикатот на контролорите на летање.

Во овој тренинг-центар, патем, се школуваат стотици контролори на летање од Германија, Холандија и од други европски држави. Истиот дански оператор веќе има исшколувано една генерација македонски обласни контролори на летање.

Избраните кандидати требаше да почнат да се школуваат пред 7 дена, но сега процесот е стопиран.

Со барањето отчет на документ, раководството купува на време, бидејќи на 20 ноември истекуваат 90 дена од објавувањето на огласот. Ако не постапат Данците по ова барање, да дадат отчет за сите кандидати – зошто отпаднале, колку бодови освоиле, директорот на Управниот одбор Фахрудин Хамиди вели дека не може да потпише избраните да го почнат школувањето во Данска.

Синдикатот на контролорите на летање и Здружението на контролори на летање кои се усрамени пред лиценцираниот економски оператор од Данска, велат дека тестирањето било под строги правила на Еуроконтрол и дека форсираните деца не успеале ни првата основна скала да ја поминат за понатаму. Загрижени се дека раководството воздухопловната организација ја сфаќа како личен интерес и партиска агенда, а не како професионална и безбедносна институција од која зависат стотици и илјадници животи во сообраќајот на небото над Македонија.

„Не е ова ‘Дурмо турс’ или пожарот во болницата во Тетово за да се забошоти преку судовите. Ова е сериозна и високобезбедносна тема. Ако се случи, не дај боже, авионска несреќа на нашето небо, ќе дојде Еуроконтрол и ќе нè затвори, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК контролорите на летање. Велат: „ги проколнуваме, ставете си кого сакате во администрација, ама не ги пикајте во контролна кула“.

Треба да бидат избрани најдобрите кандидати за контролори на летање, кои ќе ги спроведуваат авионите над Македонија, и тоа било направено од данскиот тренинг-центар, избран на тендер, како што налагаат правилата на Еуроконтрол. Такви лиценцирани школски тренинг-центри за контролори има и во Шпанија, Србија (Белград) и во уште неколку држави.

Огласот за контролори на летање бил распишан пред два ипол месеца и на него се пријавиле 270 кандидати. Данците направиле претселекција, по која останале 140 кандидати. Кога виделе дека уште од почеток отпаднале деца на високи функционери, на пример на заменикот-министер за внатрешни работи Назим Буши, директорите инсистирале да се вратат 26 од нив.

„Тие се на толку низок степен на познавање, што не можеа да го положат ни првиот дел од FEAST (фис тестот), кој има три дела. Никој од овие 26 вратени не го положи ни првиот дел. Важно, покажавме уште тука несериозност. Каква е таа бројка 26 која директорите извршија притисок кај Данците да ја вратат назад. Меѓу нив беа деца на актуелни високи функционери“, вели Александар Тасевски, претседател на Синдикатот на контролори на летање.

Целиот текст тука.

Постави одговор

Your email address will not be published.