Гордан Георгиев: Еве шанса да се обединат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, тргнете ја Данела, ТАА Е СРАМ ЗА СИТЕ НАС

Гордан Георгиев, член на стратешкиот совет во МНР и поранешен потпретседател и пратеник на СДСМ ги коментира актуелните случувања во Град Скопје. Според него, градоначалничката Данела Арсовска е срам за сите нас.

Ретко искажувам дневно- политички ставови, ама дечки дај стварно тргнете ја некако Данела, не знам како, иако знам како. Ова е таква брука секојдневно што ја гледаме и барем ова не мора да го трпиме, кога веќе сме одлучиле да трпиме ваков франкенштајнски град. Обесчестен град, град кој скапува и град кој нема никогаш да си го врати својот идентитет, ниту веројатно ќе изгради нов. Стајте или некој со чизми што ќе биде градски хаус мајстор (и со тоа сум дури ок после данела) или некој што има некаков план (визија е претежок збор за било кој на повидок). Ова со Данела е срам за сите нас. Ете уште една прилика, покрај многуте, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да се обединат:), пишува Георгиев на Фејсбук.