Најдобриот македонски таеквондист стигна до уште златен медал за своите витрини откако славеше во финалето на на Г2 турнирот „Албанија опен“ над олимпиецот и медалист од Светското првенство, Словенецот Иван Трајковиќ.
Успешен настап имаше и Филип Додевски кој по две ефективни победи и исклучително тесен пораз во финалето од Азарбеџанецот Сулејманов стигна до сребрениот медал.
