Перински до Арсовска: Градоначалничке ќе имате доста за објаснување, според ЕИБ целиот проект се води согласно водичот за набавки на банката

Данела Арсовска го разреши директорот на Водовод поради „самоволие и  несоодветно постапување во постапка за милионски тендер“

Фејсбук статус на екс директорот на ЈП Водовод и канализација, Златко Перински:

Е па градоначалничке ќе имате доста за објаснување.

ЕИБ ја демантира Арсовска и потврдува дека секој чекор на Водовод и канализација е во согласност со правилата и процедурите.

ЕИБ заклучува:

-Од почетокот на проектот се почитуваат условите и преземените обврски за исплата на средствата.

-Набавките се спроведени во согласност со водичот за набавки на ЕИБ и во согласност со одобрената стратегија за набавки.

-До денес, Комитетот за евалуација, потпомогнат од искусен тим, од меѓународни консултанти, ги извршуваше своите задачи на посветен начин.

-Обидите да се ревидира стратегијата за набавки, без соодветно оправдување во оваа фаза од процесот на евалуација, или неусогласеноста со важечките принципи за доверливост, може да предизвика значително одложување во процесот на набавка и на тој начин може да ја загрози достапноста на средствата.