Sunday, February 5, 2023
рекламно место 1spot_img
домаВЕСТИПромоција на романот „Водена приказна“ од Александар Кукулев во библиотека „Браќа Миладиновци“...

Промоција на романот „Водена приказна“ од Александар Кукулев во библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје

Утре (четврток, 15 септември) во 19 часот во Спомен-собата на Миладиновци во Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, ќе биде промовиран романот „Водена приказна“ од Александар Кукулев.

Книгата “Водена приказна” е современа приказна за последиците од граѓанската војна во Грција.

Граѓанската војна е одамна завршена. Горчливиот вкус на поразот и тажниот спомен за илјадниците раселени остануваат, оттргнати од заборавот во оваа „Водена приказна“.

Писателот многу пластично, низ историски легенди како пример ни ја отсликува вековната борба на Македонецот за создавање на своја сопствена држава, користејќи ги како урнек болните страдања и поедини лични македонски судбини и современото живеење на Македонецот во Грција.

Патрик МекКензи е воен пилот на RHAF кој на осумдесет и пет годишна возраст, веќе болен од канцер, не може да умре поради товарот од напалм истурен врз македонските села во 1948 година.

Нечистата совест го тера на неговото последно патување. Селото Русилово (близу Воден) во кое на колена, ќе побара прошка за сите 36 куќи што тој лично ги запали при бомбардирањето. Ова е приказна за поразот на идеалите на ДАГ и ЕЛАС, за држава во која Македонците и Грците ќе живеат рамноправно.

Освен промоторот др. Александар Даштевски, за „Водена приказна“ ќе зборуваат и Јана Илиева и Софија Граматова Ристовска. На промоцијата, извадоци од романот ќе чита актерот Андреј Серафимовски.

Александар Сашко Кукулев е новинар, публицист, прозаист, сценарист. Пишува поезија, проза и работи на филмски сценарија.  Автор е на поемата „Jazz“, а “Водена приказна” е негов трет роман.

Добитник е на бројни награди и признанија од областа на публицистиката и литературата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img

последно додадени

последно коментирани