МЕГА СКАНДАЛ: Еве како се крадат 7 МИЛИОНИ ЕВРА од граѓаните од продадена струја

Власта на СДСМ и ДУИ создале ситем за продавање на ефтина струја, произведена во Македонија, преку фамилијарни фирми на нивните функционери, а за неа не плаќале на МЕПСО, односно директно краделе милиони евра во струја.

Како одело тоа: „UPOWER“ е фирма каде еден од сопствениците е синот на Муса Џафери. Превземале струја од МЕПСО, односно од државата, ја продавале во странство, но никогаш не ја платиле, со што заработиле МИЛИОНИ И МИЛИОНИ евра кои требало да се на располагање на ГРАЃАНИТЕ! Буквално народот е ограбен, а парите си ги трошат синовите на функционерите од власта со амин на криминалците директори на МЕПСО поставени од страна на СДСМ и ДУИ, односно Зоран Заев и Али Ахмети!

За да го покријат криминалот, МЕПСО наводно активирале банкарска гаранција и депозитот на компанијата од која не наплатиле долг од фантастични 7,6 милиони евра, а за да замачкаат очи вратиле само 600,000 евра, додека 7 МИЛИОНИ ЕВРА останале кај фирмата!

Тоа се фактури за балансната струја на МЕПСО која ја користела „UPOWER“ за да не набавува електрична енергија за своите клиенти од берзите кадед цената на струјата е и по неколку пати повисока.

Компанијата заврши и на извршител, но бидејќи гаранцијата е помала од долгот, МЕПСО покренал и судска постапка. Гаранцијата на „UPOWER“ била депозит од 587.000 евра и банкарска гаранција од 41.397 евра!

Е дури сега станува јасно зошто РКЕ го испитуваше работењето на „UPOWER“ и зошто Аријант Џафери го нападна претседателот на РКЕ Марко Бислимовски. Дали одземањето на лиценцата на фирмата е тргање од одговорност за овој МЕГА КРИМИНАЛ???

„АД МЕПСО во март го раскина договорот за балансна одговорност, донесе одлука за активирање на банкарската гаранција во висина од 2.545.955 денари и да се задржи депозитот во висина од 36.101.013 денари доставен од страна на „UPOWER“ како финансиско обезбедување по однос на догов орот за балансна одговорност. Бидејќи висината на финансиското обезбедување не беше доволна за обезбедување на долгот, АД МЕПСО покрена соодветна судска постапка. Заклучно со денес, вкупниот долг на „UPOWER“ изнесува 467.536.223 денари“ е одговорот од МЕПСО.

Ова значи дека со раскинувањето на договорот за балансна одговорност, „UPOWER“ е во добивка од 7 МИЛИОНИ ЕВРА државни пари кои лежат на нивната приватна сметка. Народот е просто и едноставно ограбен од организираните криминални активности на власта.