ВЛАДАТА ЗА НЕКОГО МАЈКА, ЗА НЕКОГО НИТУ МАЌЕА: ЗА АРАЧИНОВО МОЖЕ 2 МИЛИОНИ ЕВРА, НА ДРУГИТЕ ОПШТИНИ НЕКА ИМ Е ГОСПОД НА ПОМОШ

АРАЧИНОВО данок и струја не плаќа, А ВЛАДАТА ЌЕ ИМ ИНВЕСТИОРА 1,1 МИЛИОН  ЕВРА - Вечер

За период од околу 2 години, Владата ѝ даде на општина Арачиново околу 2 милиони евра неповратни средства за решавање на комуналните проблеми. НЕПОВРАТНИ СРЕДСТВА!

Во декември 2020 година Владата ѝ подари на општината половина милион евра неповратна еднократна помош за справување со тешкотиите со работењето предизвикано од Ковид пандемијата, небаре само во Арачиново имаше Ковид пандемија!

Една година подоцна, Арачиново доби уште половина милион евра од буџетот кој сите ние го полниме за реконструкција на патна инфраструктура! Во другите општини мед и млеко тече!

Минатиот месец Владата донираше уште 1,1 милион евра за санација на одводен канал!

Ова последнво е во период кога Владата ОДБИВА да помогне на другите општини за справување со енергетската криза, општините каде редовно се плаќаат комуналии и данок на имот и каде кражбите на електрична енергија, не дека ги нема, но се откриваат и се натплатуваат. Во Арачиново е мисловна именка да се добие фискална сметка, да се плати данок на имот или пак сметката за електрична енергија!

Кој ја води државава?

Постави одговор

Your email address will not be published.