На Бисера Костадиновска – Стојчевска ѝ е дојдено до смеа и сугерира уметниците да творат „на теми што ќе расположат“, но на уметниците им прекисели!

По потпишувањето на протоколот со Бугарија, авторите си го поставуваат прашањето: Дали следи цензура на слободната и креативна мисла?, а министерка за култура, вели: Нека творат слободно, теми што ќе расположат, пишува „Гласот на Америка“.

„Никој, односно Министерството за култура, нема да ја има улогата на полицаец и да будно да следи кој што ќе направи. Слободата на уметникот е голема. Тој има право да се изрази и тоа право никој не може да му го ограничи во ниту еден момент“, вели министерката Бисера Костадиновска – Стојчевска.

Слободно нека творат. Но, да се твори во духот кон тоа што ќе ги расположи народот и публиката. Не нешто што повторно ќе го врати народот назад, кон едни мрачни времиња кадешто навистина не видовме ништо добро“, посочува министерката за култура за Гласот на Америка.

По оваа скандалозна изјава, имаше бура реакции од страна на уметниците:

Дарко Митревски, режисер на „Трето полувреме“: „Ваков орвелски тоталитаризам, европскиот континент не памети од времето на нацизмот“.

Јани Бојаџи, режисер, продуцент и сценарист: „Никогаш во историјата Министрите не ги победиле уметниците!“

Петар Андоновски, писател: „Што е говор на омраза, дали историската вистина е говор на омраза?“

Јелена Жугиќ, актер: „Бисера ти си СРАМ за македонската култура!
Е*ати европската иднина!“