Абдул Селам Селами ѝ се закани на Данела на фејсбук, па го избриша постот – Јоци ја обвини Данела дека намерно прави етнички тензии

„Данела, немој да мислиш дека си нашла ‘планина без волк’, па ќе можеш да правиш што сакаш!!“ – со заканувачки тон Абдул Селам Селами, заменик-директорот на Управата за јавни приходи на Република Македонија, и се обрати на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, откако таа донесе одлука за отстранување на 33 вработени според „рамковниот принцип“, кои примале плата, а не оделе на работа.

Абдул Селам Селами, кој е од редовите на Демократската унија за интеграција, во објавата на својот фејсбук-профил без персирање, во директен тон ја „поучува“ градоначалничката на Скопје Арсовска: „Даноци на имот, плаќања за вода, за општинска хигиена, за паркови и зеленило – тоа се плаќања од истите граѓани, кои ТИ со ова твое владеење ги запоставуваш и ги третираш како граѓани од втор ред. Немате предвидено ниеден кадар-Албанец во Дирекцијата, каде што раководи Градот Скопје, па од неодамна почна и да отпушташ работници-Албанци од работа!!!“

Саламандии можеш да кажуваш во приватниот сектор, или во твојата компанија, од каде што доаѓаш, но НЕ и со народните пари на граѓаните на Скопје.“

Сепак, после неколку часа, Селам ја избриша објавата на фејсбук.

Исто и Јорданка Ивановска Јоци смета дека бркањето 33 Албанци од Комунална хигиета е смислено сценарио за етнички тензии на штета на ВМРО-ДПМНЕ за да не направат влада на следни избори со ниедна албанска партија.

„Бркањето на 33 Албанци од ,,Комунална” е добро смислено сценарио за етнички тензии и националистички набој, на штета на вмровци, да не направат влада на следни избори со ниедна албанска партија. А, мора со некоја.

#Косана и #Данела им истурија мочка денеска врз главите на вмровци, али сигурна сум дека веќе тоа го знаат, осим оние кои везе немаат, али плескаат со рачињата.

Косана е позната по ,,палење етнички пожари” уште во време грујово, и некој ја сокри да не ја слушаме како дрви qur во ,,бомбите” (хехе), али ај – предоцна ќе ви текне.

Сигурна сум дека во ,,Комунална” има уште 200 минимум кои ништо не работат, али нив никој не ги брка.

Идентичен ,,филм” како што беше и со брат му на Зуди (кој го постави Данелка, али истиве овие не ги избркал, хех).

А, се знае кој може да организира вакви театарски дејствија (двеве сигурно не).“, пишува Јоци.

Постави одговор

Your email address will not be published.