65 години од смртта на Методија Андонов – Ченто

Методија Андонов-Ченто (17 август 1902 – 24 јули 1957) — македонски национален борец, деец и политичар и прв претседател на Президиумот на АСНОМ. Често, поради неговата функција на претседател на Президиумот на АСНОМ, Ченто се именува и како прв Претседател на Македонија.

На денешен ден пред 65 години во Прилеп почина Методија Андонов-Ченто! Вечна му слава!

„Верував во се, но не верував дека мои ќе ми судат за Македонија“.

Ченто како македонски национален борец, деец и политичар и прв претседател на Президиумот на АСНОМ, со своите дела во текот на својот живот, го трасираше патот по кој треба да чекорат идните генерации, водени од идејата за самостојна, независна и суверена Република Македонија.

Во овие тешки времиња за Македонија, да упатиме поддршка и до Јане Ченто и неговото семејство. Веруваме дека правдата ќе излезе на виделина!