КОВАЧЕВСКИ ДО ПРАТЕНИЦИТЕ НА ОПОЗИЦИЈАТА: НЕВОСПИТАНИ СТЕ!

Откако Бојан Стојановски, на денешните пратенички прашања во Собранието побара став од Ковачевски за најавуваниот референдум за прифаќањето на Францускиот предлог, овој пратениците од опозицијата ги нарече невоспитани.

„Човек може да добие формално образование, но ако има празнини во домашно воспитување не може да му помогне никој. Ама најлошо е кога такви луѓе со празнини во домашно воспитување примаат плата да воспитуваат млади луѓе. Во однос на прашањето, РСМ со 69 гласа „за“ во Собранието изгласа отпочнување на преговори со ЕУ. Сите граѓани беа свесни на состанокот на првата меѓувладина конференција во Брисел сите лаги кои ги пласиравте пред тој ден и сите протести кои ги организиравте паднаа во вода.

Прво РСМ одржа прва меѓувладина конференција, второ – македонскиот јазик е чист во преговарачката рамка и затоа треба да бидат горди сите 68 пратеници кои кренаа рака.

Трето – во однос на вашата политика која ја правевте тука со палење и ширење невистини, тоа не личи на демохристијанска партија и со какви зборови се обративте до претседател на Европската комисија. Тоа го има направено во Европа само еден политичар во северна соседна држава.

Вашето барање за референдум е исклучиво за ваша партиска употреба. Политиката која ја водите на штитење на интереси на трети држави е најпогубно нешто што може да им се прави на граѓаните. вие не знаете какво референдумско прашање сакате.

Треба да биде „дали сакате влез во ЕУ со чист македонски јазик“. Вие имате проблем со сите стратешки одлуки и да го расчистите тоа идеолошки во партијата. Во ниту едно гласање немате учествувано, такво бегање невидено, подобро да гласавте „против“.

Собранието си донесе одлука државата да продолжи со евроинтеграциите, за тоа гласаа 68 пратеници кои ги застапуваат сите граѓани. Што и да правите нема да ја скршнете лево кон исток земјата“ рече Ковачевски.

За време на говорењето на Ковачевски, пратениците од опозицијата довикуваа: „Лажеш, лажеш“!!!

Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ му одговори процедурално дека ако одлуките на СДСМ биле прогресивни немало да шетаат пратеници од нивните редови со вооружено обезбедување.

Постави одговор

Your email address will not be published.