ССМ ги објави сите кои гласаа против зголемување на платите во јавниот сектор

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ги објави имињата и презимињата на пратениците од комисијата за финансирање кои гласаа „за“ и „против“ амандманот за зголемување на платите од 2806 денари во нето износ согласно зголемувањето на минималната плата во јавниот сектор.

Незадоволни од оваа одлука, тие се категорични за започнување на генералниот штрајк од утре, 22.06.2022 година.