Милошоски: Уставот не е конзерва која што треба да се отвора или затвора според политичките апетити на Каракачанов, Ковачевски на Бујар Османи или Слави Трифонов.

„Сегашниот предлог за преговарачка рамка, значи дека ќе има една фотосесија ма која Ковачевски и Бујар Османи ќе се фотографираат со претставниците на европската комисија и потоа Македонија ќе заглави во бесполезни, внатрешно исцрпувачки дебати за тоа дали треба или не треба да се отвора Уставот, кој добива, кој губи, кој е националист, кој е патриот, кој е предавник и нема да имаме ништо продуктивно од тоа. Ние сме да го следиме словенско-хрватскиот модел на преговори – да се работи на стандардите кои Македонија треба да ги постигне, а земјата членка на ЕУ која што има некаква клучна забелешка и некое клучно барање да се пресретне тоа барање во моментот кога Македонија ќе стане членка на Европската унија. Така Словенија и Хрватска на еден цивилизиран начин го решија нивниот спор и сега се и двете членки на Европската унија и се многу добри соседи. Не може со сила некого да го натерате на квази добрососедство, особено не ако му задирате во идентитетот и самобитноста“, рече пратеникот Антонио Милошоски во своето гостување во тема на денот во дневникот на Сител телевизија.

Милошоски додаде и дека ако ги направите клучните отстапки во моментот пред да започнете преговори, вие треба да бидете свесен дека во текот на преговорите ќе добиете уште пет или десет блокади и ќе преговарате со децении и можеби ќе станете, но можеби и никогаш нема да станете земја членка. Затоа, рече Милошоски, ВМРО-ДПМНЕ смета дека Уставот не е конзерва која што треба да се отвора или затвора според политичките апетити на Каракачанов, Ковачевски на Бујар Османи или Слави Трифонов.