Странските медиуми информираат за огромен број граѓани кои поведени од ВМРО-ДПМНЕ синоќа побараа предвремени парламентарни избори

Радио телевизија Србија информира дека огромен број граѓани поведени од ВМРО-ДПМНЕ синоќа протестираа во Скопје и побараа одржување на вонредни парламентарни избори.

„Целта е да се победи и казни владеачката СДСМ, порача лидерот Христијан Мицкоски и најави дека борбата ќе продолжи секаде-во парламентот, на улиците, во градовите и селата“, пренесува РТС.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека на протестот, кој го нарече величенствен собир се собрале неколку илјади луѓе за да си ја вратат слободата на Македонија и дека народот е на нозе бидејќи сака борбата да се избори за својата Македонија, пренесува Н1.

И ВОА пренесе дека илјадници поддржувачи на опозициската ВМРО-ДПМНЕ излегоа во саботата навечер во центарот на главниот град Скопје и бараат предвремени избори.

„Илјадници поддржувачи на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ се собраа во центарот на главниот град на Македонија, Скопје и побараа предвремени паралемнтарни избори две години пред нивниот термин“, објави abcnews.