Friday, May 26, 2023
рекламно место 1spot_img
домаЗБОР ТЕМААктуелностиМакедонија со победа над Гибралтар

Македонија со победа над Гибралтар

Македонската фудбалска репрезентација вечерва на гостувањето во Гибралтар ја оствари зацртаната цел и со триумф од 2-0 (1-0) ја забележа првата победа во рамки на групата 4 од Ц-дивизијата во Лигата на нации.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски поведоа во 20. минута со десеттиот репрезентативен гол на Енис Барди, а печат на победата стави Бобан Николов во 84 минута.

По воведното реми против Бугарија во Разград и победата над Гибралтар, македонската фудбалска репрезентација ќе го заокружи јунскиот циклус во Лигата на нации со два натпревари на домашен терен.

На 9 јуни на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе гостува Грузија, додека идната недела следува реваншот против Гибралтар.

(МИА)

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img

последно додадени

последно коментирани