Милoшоски: Одговорност за фушерајот мора да има за тоа што падна таванот во градинката!

Среќа во несреќа е што во градинката „Мајски цвет“ (Карпош, Тафталиџе2) таванот паднал за викендов, кога немало дечиња, и нема повредени, ниту жртви. Но, одговорност за ваквата ризична градба, за фушерајот за објект кој згрижува мали деца и за тендерот треба да има, вели пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

„Инаку на увид, градба, отварање за оваа градинка имаше дури 5 настани, една со Заев и Богоев, па потоа Богоев и Царовска, по неколку месеци Заев, Богоев и Шахпаска заедно, сите настани со прес конференции како СДСМ квалитетно гради, и колку добро СДСМ се грижи за децата. И еве го резултатот. Голема несигурност за децата.

Голема среќа што таванот паднал за викенд, кога градинката била празна, пишува тој на Фејсбук.

Постави одговор

Your email address will not be published.