Маркова:  Власта не работи и краде, во време на скапа струја кога сите енергетски компании во светот заработуваат ЕЛЕМ е загубар

На денешната трибина „Ценовен шок, сиромаштија и неспособна влада“ која се одржа во просториите на ВМРО-ДПМНЕ свое обраќање имаше Елена Маркова, претседател на комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ која што истакна дека Македонија е во енергетска катаклизма и имаме намалување на домашното производство на електрична енергија и капацитети кои се во лоша состојба, а во време на скапа струја кога сите енергетски компании во светот заработуваат ЕЛЕМ е загубар.

„Би се задржала во енергетската катаклизма во која се најде Македонија. Ако направиме една ретроспектива од 2020 август до декември 2021 имаме некаде околу 30 проценти зголемување на цената и плус укинувањето на дневната евтина тарафа. Тоа е проблем на сите граѓани и целото стопанство. Најстрашен проблем од се е што нашето домашно производство на нашата државна компанија за производство на електрична енергија е можеби најголем загубар во земјата. Официјалните податоци се загуба акумулиран 20-та, 21 ва,  30 милиони евра. Парадоксот е значи во време на скапа електрична енергија, во време кога сите енергетски компании во државни во светот произведуваат електрична енергија и добро заработуваат за жал нашата компанија е загуба“ нагласи Маркова.

Маркова додаде и дека во Македонија практично имаме намалено домашно производство на електрична енергија, а во јавноста се пласира тезата дека нашата државна електро енергетска компанија се грижи и ја одржува цената и води сметка за граѓаните.

„Ние имаме практично намалено домашно производство на електрична енергија, а во јавноста се пласира тезата дека нашата државна електро енергетска компанија се грижи и ја одржува цената и води сметка за граѓаните и нема никаков проблем. Ако домашното производство на ЕСМ во 2019 година било 4 200 гигават часови, 2020 опаднало на 3600 гигават часови, 2021 година 3200 гигават часови. Ова се бројки кои што потврдуваат дека Македонија е буквално во енергетска катаклизма“ истакна Маркова.

 Претседателката на комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ, Маркова истакна и дека производството на електрична енергија е намалено бидејќи е намален ископот на јаглен, ресорот за производство на електрична енергија а власта лошо се грижи за одржување на капацитетите за производство.

„Ние имаме намалување на домашното производство. Наместо вие сега да произведувате и да го спасувате стопанството и граѓаните, се намалува производството, се намалува практично евтината електрична енергија. Прашањето е зошто е намалено производството а одговорот е многу едноставен. Ресурсот од кој што ја добиваме електричната енергија, ископот на јаглен  не е на она ниво на кое што треба. И сега се прават напори да влезе ТЕЦ Неготино во систем да се набави мазут, па да се набави јаглен за да влезе и ТЕЦ Осломеј во систем значи веќе онаа зелена енергија за која што беа поборници во 2019  како да ја подзаборавија“ нагласи Маркова.

Постави одговор

Your email address will not be published.

ZBOR.COM.MK