Заврши фестивалот 5РЕ во Велес

Во периодот од 19ти до 28ми мај Велес дишеше во ритамот на театарот. После долги години во родниот град на великанот Петре Прличко се одржува ваков фестивал, во кој не само велешани, туку и сите љубители на театарската уметност уживаа во театарсите претстави.

На 19ти мај беше свеченото отварање на фестивалот, при што беше доделена наградата за животно дело “Петре Прличко” на актерот Игор Џамбазов, неговиот внук.

Во рамките на фестивалот се изведоа претставите „Слуга на двајца господари“ во изведба на Народен Театар Ј.Х.К. Џинот, Велес, „Странци“ – Драмски Театар – Скопје, „Да, Инспекторе (Комедија на грешки) во изведба на Народен Театар Војдан Чернодримски, Прилеп, „Вардарски пастуви“ во изведба на Театар Комедија, „Пасивно пушење“ – Народен Театар Штип, „Не се клади на Енглези“ – МНТ, Скопје.

Беа изведени и две претстави за деца – „Чунголунговски, пепелашка и Принцот Тортичка“ – Народен Театар Штип и „Супербајкастично“ – Театар за Деца и Младинци Скопје.

Вечерва беше планирано Stand up со Тино и Атанас, и иако почна, заради дождот мораше да биде прекината претставата, бидејќи се одржуваше во отворениот Амфитеатар во Младинскиот Парк.