Tuesday, June 28, 2022
рекламно место 1spot_img
домаЖИВОТНАПРАВЕТЕ ПРИРОДНО ЃУБРИВО ОД КОЕ ОРХИДЕИТЕ ЌЕ РАСТАТ КАКО ЛУДИ: ЕДНА НАМИРНИЦА...

НАПРАВЕТЕ ПРИРОДНО ЃУБРИВО ОД КОЕ ОРХИДЕИТЕ ЌЕ РАСТАТ КАКО ЛУДИ: ЕДНА НАМИРНИЦА ОД КУЈНАТА ПРАВИ ЧУДА

Се За Домот | Орхидеја

Како да направите природно ѓубриво за цветање на орхидеите – потребна ви е само една намирница која сите ја имаме во кујната! Без хемикалии и отпад, сосема природно!

Природните ѓубрива и прихраната се задолжителни доколку сакате вашите цвеќиња да изгледаат богато, бујно и здраво. Орхидеите се сметаат за растенија кои тешко се негуваат, но можете да направите ѓубриво од една намирница што ќе ги поттикне орхидеите да цветаат обилно и да имаат здрави корени. Станува збор за прихрана од ориз, но не обична оризова вода, туку еден попрактичен метод.

Во тавата истурете три лажици ориз, па печете на тивок оган со постојано мешање. Печете околу 3 минути, додека оризот не ја промени бојата. Оставете го оризот да се излади, па истурете го во блендер и мешајте додека не добиете прав. Добиениот прав ставете го во тегла и земете по потреба. Покријте ја теглата и овој природен додаток за орхидеи можете да го користите со месеци.
Полн е со фосфор, калиум, азот и натриум и витамини Б и Е, а ќе го искористите со преливање на лажичка ориз во прав со 400 мл зовриена вода. Промешајте со лажица и оставете да се излади. Кога ќе се олади, добиената течност постепено сипете ја со лажица во орхидеите, во количина во која секогаш ги полевате. Идеално е оваа постапка да се прави еднаш месечно, но не го испуштајте класичниот начин на полевање.

Можете исто така да користите ориз во прав со мешање во мала количина ладна вода, а потоа почекајте неколку часа за оризот да ги ослободи хранливите материи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img

последно додадени

последно коментирани