Дали молкот значи потврда??? Дали Цар Самиол е „продаден“? Дали по кој знае кој пат македонските црвени линии се прегазени, а сето тоа зад грб на македонската јавност???

Напредок, но зад затворени врати и со малку информации за јавноста. Македонскиот дел од Комисијата и од оваа средба останува недостапен за информации за јавноста, со најава дека ќе испратат соопштение по средбата, а за деталите ќе дадат интервју на една избрана национална телевизија.

Но претседателот на бугарската комисија за историја Ангел Димитров потврди дека заедно со македонските историчари се договориле за заедничко чествување на ликот и делото на цар Самоил – „Прашањето за Цар Самоил е завршена работа“, изјави тој.

Дел од бугарските историчари потврдуваат и дека на преговарачката маса е и прашањето за македонскиот револуционер Гоце Делчев, но сепак не откриваат во која фаза се преговорите.

Бугарскиот премиер Петков не го крие задоволството од постигнатиот договор во Комисијата кој очигледно оди на штета на Македонија, па вели дека напредокот бил огромен.

Со ваквите признанија се потврдуваат информациите за кои алармираа извори од самата Комисија дека се подготвува национално предавство, односно со постигнување на договор за Цар Самоил целосно ќе се погазат македонските црвени линии, а решението ќе се движи во рамките на двете разменети препораки. А тоа ќе значи профаќање на бугарските тези и маргинализирање на македонската наука – поинаку кршење на црвените линии.

Македонските власти се уште молчат за тоа која е причината за оптимизмот на бугарската страна, но и на какви отстапки сме се согласиле за да се удоволат бугарските барања.