Орбан и Вучиќ со големи победи во Унгарија и Србија – левиците продолжуваат да губат!

Орбан: Понесовме голема победа, да се види од Месечината, а и од Брисел

На изборите во Унгарија се преброени голем број гласови, а актуелниот премиер Виктор Орбан освоил двотретинско мнозинство.

„Никогаш не сме се претставиле толку добро како вечерва“, рече Виктор Орбан во своето обраќање пред гласачите, додавајќи: „Почитувани пријатели, извојувавме голема победа, стопроцентно да се гледа од Месечината и од Брисел“, рече тој и се заблагодари за поддршката и помошта.

„Победата ќе се памети до крајот на нашите животи затоа што сега беше неопходно да се победат најкомплексните непријатели – левицата во земјата, левицата во странство, институциите на Сорос, меѓународните медиуми, дури и украинскиот претседател. Никогаш не сме имале толку непријатели на избори. И покрај многуте пари, не можеа да не спречат. Не дозволивме да се врати минатото, ја браневме слободата на Унгарија и обезбедивме безбедност и мир во Унгарија и нашите деца и нашите семејства“, порача Орбан.

Александар Вучиќ вчера прогласи победа на претседателските и парламентарните избори и најави дека може самостојно да ја формира идната српска влада.

„Успеав да направам нешто што никому во Србија не му успеало – двапати победа во првиот круг. Србија ќе треба да одлучи како и на кој начин ќе функционира во иднина. Што се однесува до партијата што ја водам, не се сомневам дека ќе се разговара за сите политички фактори, бидејќи нè очекуваат тешки времиња. За оние на кои се им е лесно во кампањата, сигурно нема да има место во Владата.“, изјави тој.

Постави одговор

Your email address will not be published.