Игор Ангеловски преку социјалните мрежи им испрати порака на фудбалерите

Нема опис за фотографијата.

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски преку социјалните мрежи им испрати порака на фудбалерите кои вечерва ќе го одиграат одлучувачкиот натпревар против Португалија.

-Вечерашниот натпреварот со Португалија е чекор за СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО КАТАР. Искористете ја оваа можност за пласман. Играјте за МАКЕДОНИЈА за навивачите кои безусловно Ве следат, за вашите деца, за вашите семејства…..Со среќа од срце НАВИВАМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА, напиша Ангеловски на Фејсбук.