Одбележување на 80 годишнината од штрајкот на велешките гимназијалци

Можно е да е слика од 10 луѓе, луѓе што стојат и надвор

На денешен ден, 14 март, во не толку далечната 1942 година, младите велешки гимназијалци дигајќи го гласот против бугарската асимилаторска политика врз македонскиот народ силно се спротивставиле на тогашните школски власти бојкотирајќи ја наставата на бугарски јазик и носењето на бугарската униформа.

Штрајкот кој гимназијалците го започнале за зачувување на македонскиот јазик и самобитност траел три дена, а нивната храброст и отпор ги поддржале дел од наставниците, родителите и граѓаните на Велес. Никола Стојановски, Благој Кирков, Благој Јанушев, Орце Иванов и Анче Андреев, се само дел од имињата кои до денес одѕвонуваат за нивното непоколебливо делување. Многу пати велиме дека историјата се повторува.

Затоа денес, 80 години подоцна, наша е одговорноста да продолжиме понатаму. Соочени со ново негирање на македонскиот јазик, овој ден нека ни биде врежан како пример достоен за секоја почит и следбеништво. Да бидеме храбри и непоколебливи, заедно и сплотени да бидеме зачеток на промени за подобро утре. За сите нас!

На одбележувањето на овој голем јубилеј, да бидеме одговорни да продолжиме понатаму за зачувување на македонскиот јазик и самобитност. Да бидеме храбри и непоколебливи, заедно и сплотени да бидеме зачеток на промени за подобро утре. За сите нас!

Можно е да е слика од 2 луѓе, луѓе што стојат и надвор
Можно е да е слика од 4 луѓе, луѓе што стојат и надвор
Можно е да е слика од 4 луѓе, луѓе што стојат и надвор