Статус на денот – ШУПЕЛКИ!

Додека прво се делевте на ВМРО и СДС, па после на вакцинирани и невакцинирани, а сега на подржувачи на Украина или Русија, цената на струјата ви ја качија за 20%, цената на горивата ви ги качија за 25%, цената на прехранбените производи од 5-15%, и згора на тоа ви извадија некои шупелки на ТВ да ви кажат дека со 18.000 денари плата ќе живеете убаво и вие тоа го “голтнавте” како да не било ништо. Ама оти некој е вакциниран или не е вакциниран, и оти некој е за Русија или е за Украина никако не можете да го “проголтате”.

И после Бугарите и Грците ни биле криви.

ШУПЕЛКИ !!!