СДСМ и ДУИ се тие кои што го блокираат и девалвираат Собранието

СДСМ и ДУИ лажат. Тие се тие кои го блокираат Собранието и го девалвираат. Го претворија законодавниот дом во партиска алатка за нивните интереси. СДСМ и ДУИ кршат деловнички и уставни норми кога ќе им текне и после со манипулативни соопштенија обвинуваат други.

СЕДУМ МЕСЕЦИ нема пратенички прашања, што значи дека СДСМ и ДУИ ја суспендираа клучната собраниска алатка за контрола на Владата. Дополнително СДСМ и ДУИ блокираат донесување на Декларација за Гоце Делчев во годината кога се одбележува јубилејот 150 години од неговото раѓање. СДСМ и ДУИ исто така се обидуваат шверцерски да протуркаат измена на закон за наставници со кој се овозможува партизација на образованието преку вработување на наставници на неопределено време, без приправнички стаж. Да не зборуваме огромниот број злоупотреби на европското знаменце за закони кои немаат никаква врска со европската регулатива.

Вчерашниот преседан на СДСМ и ДУИ е врвот на нивните недемократски методи. Вчера на 4 минути пред почетокот на пленарната седница  вметнаа точка за разрешување на пратеник од позицијата член на Комисијата за избори и менувања, само затоа што не им е дел од коалицијата. Патем ова го направија прекршувајќи деловнички и уставни норми и без предлог одлука на Комисијата за избори и именување.

ВМРО-ДПМНЕ никогаш не кочело процеси во Собранието кои се во интерес на граѓаните, но секогаш гласно ќе критикува и ќе блокира закони кои се во интерес само на мафијата на власт.