СДСМ бега од исполнувањето на ветувањето за една изборна единица, Заев и Ковачевски со години ги лажат граѓаните и помалите партнери

СДСМ бега од ветувањето за една изборна единица, кое го даваше 7 години наназад. Лагите кои ги почна Заев во 2015-та, сега ги продолжува Ковачевски. Сега се кријат зад ДУИ и наоѓаат изговори, бидејќи самите не сакаат Македонија да биде една изборна единица.
Блокадата која ја најавува ДУИ за измените на Изборниот законик се нарачка на СДСМ.
СДСМ не ги излажа само своите помали коалициски партнери, туку ги излажа и граѓаните, исто како што ги излажа со флоскулите дека ќе донесат живот за сите, а донесоа неизвесност, сиромаштија и беда.  Сосема друго е прашањето како и со што се дисциплинирани и уценети помалите партии во власта, кои најавуваа дека ќе излезат од Владата ако не им се исполни барањето за една изборна единица во рок од три месеци.
Трите месеци истекуваат, а ветувањето на Заев и Ковачевски нема абер да се исполни.

Постави одговор

Your email address will not be published.