Ова насилие и заобиколување на правилата е само пазарење за спасување на тесните кожички на големите риби

Vasilevska: Carovska's reform is aimed at depersonalizing national symbols  - Netpress

Концептот на тоталитаризам и масовна хистерија на владејачкото мнозинство се повторува во својот највидлив облик преку линчот и дискредитацијата на нашиот колега пратеникот Фадил Зендели, порача пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска од собраниската говорница во македонското собрание.

Според Василевска единствен интерес на владејачкото мнозинство е профитот, личниот и тесно партискиот интерес, а не граѓаните и демократијата.

Нула демократија, нула почитување на Уставот, нула за граѓаните, нула за иднината на Република Македонија, единствено профитот, личните и тесно партиските интереси им се милиони, милијарди, алчност и безредие до бесконечност, истакна таа.

Василевска е децидна дека ова што го прави владејачкото мнозинство е всушност пазар за спасување на нивните тесни кожички на големите риби.

Ова насиелие, ова заобиколување на правилата ни говори дека кризата во рамките на тесното парламентарно мнозинство повеќе не може да се сокрие, потребна им е евакуација, гаранции и над се неопходно им е да инсталираат што е можно повеќе свои пиони низ сите артерии во јавната администрација и на тој начин тотално да ги узурпираат политичкиот систем и сите витални органи на државата. Само на тој начин големите риби ќе најдат малку мир за да купат време за тогаш кога ќе дојде време за евалуација на нивното работење и преку отежнувањето на процесот тие всушност од вчера работата на идниот пазар за спасување на нивните тесни кожички, потенцираше Василевска.

Принципи нема, а не станува збор ни за некаков морал, ниту за спроведување на некакви правила. Вие сте одговорни и директни креатори на овој организиран хаос во кој се наоѓа македонското собрание и ваквото деловничко насилие и изразено самовоиле говори за тоталната партизација и непрофесионалноста со која се одликува оваа гарнитура во сите сфери од општественото живеење. И сето тоа не е во никаков државен интерес на граѓаните на Република Македонија. Сето ова е само да се измести нормалноста и да се воведе неохистеријата, заклучи Василевска.

Постави одговор

Your email address will not be published.