Мицкоски: Секогаш кога ДУИ е фатена во криминал, забораваат на зелената агенда, и почнуваат со национализам
„Секогаш кога од ДУИ се фатени во криминал, тогаш веќе нема зелена агенда, ја забораваме зелена агенда, ајде сега национализам. И сега не е национализам да митинзите во Тетово и Гостивар за време на локалните избори се водат со реторика да не дозволиме ВМРО да ни бира градоначалник во Тетово и во Гостивар, или пак не е национализам на митингот во Кичево да се кажува дека Кичево е воен плен. Тоа за ДУИ е демократија, тоа се европски вредности. А, јас ако кажам за моите македонски параметри, национални, идентитетски преговора Бујар Османи без да ме праша е тогаш е национализам“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.
Мицкоски додаде дека ако се коментира и за околу изборот на Ејупи, е тогаш ДУИ ќе обвини за национализам.
„Или ако стане збор за Ејупи, тогаш според нив е национализам. Но тоа не е национализам, сега или ги исполнува критериумите или не ги исполнува. Има ли квалитет или нема“, рече Мицкоски.