Мицкоски: Имаме помалку за 300 милиони евра државни резерви

Мицкоски: „Ќе поднесам оставка ако ги изгубам изборите“

„Ако ние пред 4 месеци знаевме дека ова може да се случи, потребно било да се подготвиме. Доколку ние сме ги наполниле веќе стоковите резерви, ако сме резервирале за иднината и ако сме направеле трансакции за да обезбедиме тогаш ќе платевме поевтини цени и немаше ова да ни се случува“, посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Телевизија Алфа.

Мицкоски додаде дека состојбата со државни резерви е катастрофална и затоа никој не кажува ништо. Не очекувам никаков план, стратегија и визија ниту пак некој во државава очекува од нив нешто. Целата стратегија нивна се движи по инерција односно системот сам се движи.

„Во моментов состојбата на буџетот со приливи и расходи е со 13 милиони евра дефицит односно околу 215 милиони евра тие повеќе потрошиле отколку што имаат приход. Тие ќе продолжат да трошат затоа што планот нивен е да позајмат пари на домашниот пазар, но во моментот претпоставувам тоа не е возможно така како што тие планираат бидејќи и тие кои позајмувале пари односно банките веќе имаат позајмено“, рече Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека за жал оваа неспособност и отсуство на стратегија ќе ја плаќаат нашите деца, односно сите граѓани.

„Факт е дека од септември, октомври минатата година до февруари оваа година државните резерви и покрај тоа што цената на златото е покачена тие се намалени за некој си 300 милиони евра. За неколку месеци ние имаме помалку од 300 милиони евра државни резерви иако во меѓувреме цената на златото е покачена, а доколку цената беше иста тогаш се околу 350 милиони евра и тоа се пари кои се трошени од државните резерви“, заклучи Мицкоски.