Владо Мисајловски: Пратениците од власта само што гласаа против предлогот законот на ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на пензиите за 20%

На својата официјална страна се јави владо Мисајловски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието на Република Македонија.

„Пратениците од власта само што гласаа против предлогот законот на ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на пензиите за 20%.

Изгледа сеуште не ја примиле пораката од народот од последните избори.

Но, набрзо ќе има нови избори, па ќе се соочат со народот уште посилно и помасовно. Ќе им стане јасно народот на која страна е!

ВМРО ДПМНЕ на изборите вети, а тоа што е ветено ќе биде исполнето по заминување на оваа неспособна власт“, напиша Мисајловски.

https://www.facebook.com/misajlovskivlado