Како фока спаси човек кој падна во студените води на Пацификот

Скот Томпсон од Калифорнија, кој на почетокот на месецот среде ноќ падна од својот чамец во океанот, преживеа благодарение на фоката која му помогна да стигне до нафтената платформа.
Томпсон падна од моторен чамец во студените води на Пацификот, на неколку километри од брегот на Санта Барбара.
Како што рекол, во еден момент помислил дека е крајот и дека ќе умре.
Во интервју за „ABC7“, Томпсон изјави дека случајно паднал во океанот и дека во тој момент носел маица и шорцеви.
Како што изјавил, ја забележал нафтената платформа и решил да доплива до неа, бидејќи брегот бил предалеку.
Додека пливал, слушнал пороен дожд и почувствувал дека нешто му допира до ногата.
„Тоа беше фока со средна големина, по нуркањето ќе ме туркаше како куче да дојде и да ти ја турка ногата“, рекол Томпсон, додавајќи дека мислел дека тоа е ангел кој дошол да го спаси.
На Томпсон му биле потребни пет часа да стигне до платформата за нафта, каде му била укажана лекарска помош, а поради хипотермија бил префрлен во болница.