Скандал во Европскиот парламент: Џамбаски со нацистички поздрав

На бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски никако да „му дојде паметот“ – денес со нацистички поздрав ја напушти расправата посветена на пресудата на Европскиот суд на правдата со која се критикува владеењето на правото во Унгарија и Полска.

„Бидејќи го бранеше владеењето на правото во Европскиот Парламент Сандро Гоѕи беше навреден од европратеникот Џамбаски, кој ја напушти салата со скандалозен нацистички поздрав. Ја имаш нашата целосна поддршка Сандро. Ја повикуваме г-ѓа Мецола, претседателката на ЕП, да преземе чекор, објавија на Твитер од парламентарната група Ренесанса, на која и припаѓа Гоѕи.

Понатамошната комуникација се одвиваше на социјалната мрежа Твитер:

„Денешната пресуда на ЕСП е одвратна. Не постои здрав човек кој мисли дека Унгарија или Полска немаат функционално владеење на правото. Наместо тоа, го користите како камшик против националните држави што ги презирате. Да живеат националните држави во Европа!, напиша Џамбаски.

„Во име на Европските Народни партии, ова го осудувам најстрого можно. Ова е спротивност на сè што значи Европскиот парламент и бараме веднаш да бидат изречени санкции“, напиша Манфред Вебер, германскиот претставник во ЕУ Парламентот.