Социјалните мрежи вријат со „Достоен! Достоен! Достоен!“

Социјалните мрежи вријат вечерва со зборовите Достоен! Достоен! Достоен!

На денешното закројување на лозите во Кавадарци, каде беше присутен и лидерот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Митрополитот Повардарски Г. Агатангел го благослови годинешниот род и меѓу другото изјави:

„Ние Македонците сме емоционални луѓе, ние Македонците сме патриоти, ние си го сакаме својот македонски јазик и држава, својата македонска нација и сето она што е свето и македонско, бидејќи тоа го примивме од нашиот свет апостол Павле кој шеташе и чекореше по оваа света македонска земја. И затоа примајќи ги овие свети молитви од овие наши дедовци и прадедовци, длабоко од душата и срцето верувам дека нашиот претседател на најголемата и најсвета партија ВМРО-ДПМНЕ, господинот Мицкоски, се ова што го дадовме, верувам дека ќе го вратиме назад. Првин со него, а потоа и со божја помош“, рече Агатангел.

На ова реагираше министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, кој исто така беше присутен на настанот како претставник на Владата.

„Сакам да реагирам на политичките изјави кои ги слушнавме од владиката Агатангел. Мислам дека е срам за мантијата што ја носи и повеќе ѝ прави срам на црквата, отколку што тој самиот си прави срам за себе. Да беше свесен за што зборува, тој немаше тоа да го каже. Како што црвите и мувите се штетници за лозарите, така господинот Агатангел, ако можам да го наречам господин, е штетник за црквата, народот и граѓаните“, рече Милевски.

После оваа срамна навреда, социјалните мрежи просто „се запалија“ со кометари, фотографии и поддршка за Митрополитот Повардарски Г. Агатангел со зборовите Достоен! Достоен! Достоен! и осуда на реакцијата на Милевски.