Генерален штрајк ако платите во образованието не се усогласат до средината на март

Ако не се усогласат сите плати со минималецот, Конфедерацијата на слободни синдикати најавува генерален штрајк. Владата има рок најкасно до 15 март да ги усогласи законите за раст на сите плати заедно со минималната плата. Во спротивно, платите ќе се израмнат и системот за исплата на плати ќе доживее тотален колапс.

Со тоа утврдувањето на минималецот од 18.000 денари од победа, ќе се претвори во пораз. Повеќе категории работници ќе се изедначат со платите. Владата итно да направи ребаланс на буџетот и да ги почитува законите.

„Навистина е зовриено во училиштата и се чека на нас раководството да донесеме одлука. Тоа што можеби претседателот срамежливо го кажа еве јас ќе го потврдам дека веројатно ќе дојде до генерален штрајк во целиот јавен сектор каде што целата јавна администрација буквално ќе го парализира функционирањето на државата. Тоа не би сакале да се случи.“, изјави Јаким Неделков, претседател на СОНК .