На денешен ден е починат Христијан Тодоровски-Карпош

На денешен ден е загинат Христијан Тодоровски-Карпош — македонски комунист и истакнат македонски партизан од НОВ. Бил прогласен за Народен херој на Југославија на 29 јули 1945 година како еден од првите борци од Македонија кои го добиле тоа одликување (заедно со Стеван Наумов – Стив, Орце Николов, Мирче Ацев и Кузман Јосифовски – Питу).

Како ученик станал член на СКОЈ уште од 1939 година. Поради неговите прогресивни идеи, бил избркан од средното училиште и не му било допуштено да се запише во било кое друго средно училиште во тогашното Кралство Југославија.

Бил убиен од страна на бугарскиот фашистички окуптор за време на нападот на бугарското воено и полициско упориште во селото Билјача, Прешевско.