Реконструкцијата на Универзална сала ќе продолжи, СДСМ и Шилегов имаа грешки во проектната документација и парите се трошени неплански и несоодветно

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Лилјана Божиновска

Реконструкцијата на Универзална сала ќе продолжи, СДСМ и Шилегов имаа грешки во проектната документација и парите се трошени неплански и несоодветно.

Детектирани се бројни недостатоци, меѓу кои и потреба за дополнителни два носечки столба.

Записник дека постои проблем со проектната документација е изготвен уште на 6 јули минатата година. СДСМ и Шилегов свесни за проблемите продолжиле со реконструкција, иако има проблем со поставување на новопроектирани конструктивни елементи врз трафостаницата во рамки на објектот.

Еден месец потоа е утврдено и незадиволително ниво на вградена армирано бетонска конструкција, што е опасност за стабилноста ма објектот.

За безбедно продолжување со реконструкцијата и целосна реконструкција потребно е работење по стандарди, кои ќе ја гарантираат безбедноста на граѓаните. СДСМ да ја каже вистината, дека тие работоле непрофесионално и дека тоа е единствената причина за застојот при реконструкцијата на Универзална сала.

Постави одговор

Your email address will not be published.