Рекапитулација на денот во конфликот меѓу Русија и Украина

Разговорите меѓу руската и украинската делегација завршија и двете страни ги вратија своите престолнини „на консултации“, изјави украински претставник.

Русија ги засили воените напори, а претседателот Путин нареди силите за одвраќање на неговата земја – вклучително и нуклеарното оружје – да бидат ставени во состојба на висока готовност.

Украина побара „итно“ пристапување во Европската унија. Во меѓувреме, западните разузнавачки претставници велат дека руските сили наишле на „поцврст од очекуваниот“ отпор.

Повеќе од 500.000 бегалци ја напуштија Украина за време на тековната руска инвазија, соопштија денес од Обединетите Нации.

Најновата вест е дека ракетниот напад претходно денеска врз Василков, Била Церква и Калиновка во регионот на Киев уништи петкатен студентски дом и две петкатни станбени згради, соопшти украинското Министерство за внатрешни работи.