Прифатен предлогот за минимална плата од 18,000 денари

Социо-економскиот совет во Владата, Сојузот на синдикатите и работодавачите ги усогласија ставовите. Постигнат е договор за 18,000 денари минимална плата. За таа намена ќе бидат издвоени 48 милиони евра. Владата ќе помага со удел во плаќање на придонесите на вработените.