Пандов на Канал 5: Нормално е ние да бараме оставка од Владата кога државата не може да ги сервисира основните свои потреби кон граѓаните

о вечерашното гостување во дебатната емисија „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија, гостуваше претседателот на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов каде во однос на кризата и инфлацијата во Македонија, тој истакна дека потребно е владата нешто да прави бидејќи таа е платена да ги амортизира ценовните шокови.

„Било кој човек кој година дена да не бил во државава, сега да појде во било кои од маркетите, за оние 1,000 денари или 2,000 денари колку што трошел претходно во маркет, и да спореди колку тогаш можел да ја наполни кошничката а колку сега е многу страшно.“, посочи Пандов.

Тој додаде дека владата треба нешто да прави, таа е платена да ги амортизира тие ценовни шокови на енергенсите на горивата, прехранбените продукти и се останато.

Пандов потенцираше дека сосема нормално е опозицијата да бара кои се плановите на Ковачевски и тие министри кои се задолжени по тие прашања, да дадат одговори, насоки и да знаеме ние граѓаните што се работи и како ќе ни помогнат сега во оваа криза. Сега ние немаме системски пристап на државата кон решавање на проблемот.

„Јасно е дека е веќе дојдена кризата во Македонија. Ние живееме веќе во кризно време, моментално ние имаме прескапи горива, струја и сѐ останато. Во ваква ситуација кога државата не може да ги сервисира основните свои потреби, нормално е ние да бараме оставка од Владата кога растур куќи ја водат државата и кога воопшто не водат сметка“, заклучи Пандов.

Постави одговор

Your email address will not be published.