Милошоски: Додека министрите реторички се за санкции и против Белорусија, главен бизнис партнер во РЕК и финансиер на СДСМ е почесниот белоруски конзул
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на Твитер коментира дека министрите во владата декларативно поддржуиваат санкции против Белорусија, но истовремено еден од главните финансиери на партијата им е почесниот конзул на Белорусија.
„Додека министрите реторички се за санкции и против Белорусија (од каде јуришаат тенковите кон Киев), на владата во МК главен бизнис партнер во РЕК и финансиер на партијата на власт им е почесниот конзул на Белорусија, Марковски од Битола, доби 26 милиони евра без тендер последниов месец“ – пишува Милошоски.