Кривична за Мадиќ, Салиху, Васиљ – порталот на градот платен 75.000 евра никогаш не проработел

Град Скопје поднесува кривична пријава до Основното јавно обвинителство за злоупотреба на службената положба и овластување и несовесно работење во службата за поранешни и сегашни вработени во град Скопје, и тоа против поранешниот генерален секретар на Град Скопје Викторија Аврамовска Мадиќ, поранешниот помошник раководител на сектор за поддршка на градоначалник Ваљон Салиху, раководителот на одделението за ИКТ инфраструктура Никола Трајковски, како и вишиот соработник во одделение за координација на активности на градоначалник Влатко Васиљ, рече Даниел Аврамовски на прес-конференција.

Пријавените Никола Трајковски, Ваљон Салиху и Викторија Аврамовска Мадиќ искористувајќи ја својата службена положба сепак потпишале и одобриле исплата на вкупната вредност на договорот во износ од енормни 4,717,640 денари или над 75.000 евра за услуга која не е целосно извршена и испорачана на Град Скопје согласно договорот, на кој начин пријавените прибавиле имотна корист за друг и нанеле штета на буџетот на Град Скопје.

Постави одговор

Your email address will not be published.