Кога ќе ти постават незгодно прашање, па ќе се сплеткаш бидејќи нема што да кажеш!

На денешната прес конференција на СДСМ, на Дарко КАевски еден од новинарите му постави прашање да набои барем еден проект за првите 100 дена локална власт на градоначалниците на СДСМ.

Сиротиот Каевски не знаеше каде да се сврти, почна да пелтечи и упорно да ја тера тезата дека „има капитални проекти во Струмица, Валандово“.

Новинарот беше упорен и повторно го праша да наброи барем еден проект, на што Каевски дрско одврати дека „градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ треба да учат од градоначалниците на СДСМ како се работи, а не да ги трошат народните пари“.

Искрено, и самиот КАевски се најде во незгодна ситуација, бидејќи такви проекти остварени од страна на градоначалниците од СДСМ едноставо НЕМА!

На оваа бурлеска реагираа од ВМРО-ДПМНЕ:

Дарко Каевски не знаеше да наброи еден капитален проект кој го направија градоначалниците на СДСМ, единствен капитален проект беа 3-те стана и 4 милиони на сметка, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

„ Каевски стана најмладиот милионер во Македонија, тој со државна плата стигна до милиони на сметка. Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ за 100 дена имаат направено многу повеќе од нивните претходници од СДСМ за 4 години. 1.090 проекти се почнати или завршени во општините каде градоначалниците се од ВМРО-ДПМНЕ.

https://www.facebook.com/watch/?v=505820681001779

Постави одговор

Your email address will not be published.