За конзул и амбасадор се именува лице со кариера, висок дипломатски статус и меѓународно признание, а не лице со партиска блискост и послушност кон лидерот

Универзитетската професорка и пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова во гостување во емисијата „Што не е јасно?“ на телевизија Алфа за назначувањето на некомпетентни кадри за конзули вели дека и во самиот Закон за надворешна политика има одредби дека овие лица треба да имаат висок дипломатски статус, извонредно образование, меѓународна репутација, а не лица кои имаа само партиска блискост.

Како да не прават разлика меѓу дипломатија, разузнавање и контраразузнавање, се за нив треба да биде тајно. Знаете компаративно дури и кога се во прашање амбасадорите, тие се амбасадори на државата и кога се во прашање козулите, па и другите функции транспарентно се одвива, особено пред собранието, бидејќи пратениците ги претставуваат граѓаните, а амбасадорите и конзулите треба да вршат работи во корист на граѓаните и кога се надвор кога живеат во дијаспората, не ми е јасно зошто постои комисија за надворешни работи, зошто нема комуникација. Впрочем и во законот за надворешни работи има одредби и за конзули и се знае дека за конзул може да биде именуван или некој ако зборуваме за кариера што има висок дипломатски статус, зошто оваа работа стручност и компетентност, бара тренинг, искуство или пак да се работи за личност која извонредно образование, меѓународна репутација, вели Силјановска Давкова.

Според нејзе анализирајќи ги и биографиите на другите функционери може да се заклучи дека основна причина не е знаењето и стручниот дигнитет, туку партиската блискост, посочувајќи дека додека најумните си заминуваат надвор од државата, овде доминира незнаењето и партиската послушност.

Само фрлете поглед кој е на клучните позиции, анализирајте ги нивните биографии и ќе видите дека не е се знаењето основната причина, научниот или стручен дигнитет, не е интегритетот, туку партиската блискост. Страшно е значи во една држава во која што најумните заминуваат, наместо да се стимулира знаењето како сила и моќ да доминира да царува незнаењето и послушноста кон партиските водачи, смета Силјановска Давкова.

Постави одговор

Your email address will not be published.