Експлозии одекнуваат во Днепропетровск, Киев, Одеса, Харков, мета – воена инфраструктура

Ескалацијата на ситуацијата во Донбас започна на 17 февруари. Украинската армија почна интензивно да ги гранатира позициите на Доњецката и Луганската народна република. Рускиот претседател Владимир Путин најави почеток на специјална операција во Донбас.
Во ДНР се водат борби по целата контактна линија, изјави портпаролот на Народната милиција на ДНР, Едуард Басурин, повикувајќи ја украинската армија да го остави оружјето.
Претставниците на земјите од НАТО претпладне ќе одржат итен состанок по одлуката на Русија за воена операција
Работата на аеродромите на градовите Анапа, Геленџик, Елиста, Ставропол, Белгород, Брјанск, Орел, Курск, Воронеж, Симферопол е прекината, соопшти Росавијација.
Министерот за надворешни работи на Украина Дмитриј Кулеба го повика Западот да ја исклучи Русија од СВИФТ и да испрати оружје во Киев.

Ројтерс јавува дека во Мариполе одекнале две експлозии.
Сирените се огласуваат во Киев.
На социјалните мрежи се објавуваат видеа од завивање на сирените.
Неофицијалните снимки покажуваат експлозии во близина на градот на руско-украинската граница.
Голем број приватни возила го напуштаат Киев.

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, го свика Советот за национална безбедност и одбрана и прогласи воена состојба на целата територија на земјата.
Како што наведе, руската армија е насочена кон воената инфраструктура на Украина.

Постави одговор

Your email address will not be published.