Денес се слави ВОДОКРСТ: Денот кога се крштеваат сите води,и имаат лековито дејство

Овој ден меѓу народот е познат како Водокрст или Водопост. Водокрст се вика заради тоа што на овој ден се крштева (се осветува) водата, а Водопост веројатно се добило од Водици и постење, бидејќи Водопост е посен ден. Овој ден не е празник како што се следните два дена. На овој ден освен што се крштева вода, се пее и крстот и се прават последните подготовки за празникот.

Денот Водокрст, пред Богојавление (Водици) има важно место во животот на нашиот народ. Во очекување на големиот празник народот изведувал многу обичаи кои се поврзани со крстот и осветувањето на водата, но и со обезбедување плодородие во годината што следува. Може да се види дека многу од овие обичаи водат потекло од претхристијанскиот период, но во христијанството добиле нова смисла и значење.

За многу години!