Срам за институциите! Срам за државата! Срам и за сите што поддржуваат криминал и неспособност!

Пред неколкучасовното гласање за избор на новата влада, со свој статус се огласи Драган Ковачки, челн на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ:

Пратениците на СДСМ, ДУИ, ЛДП, ДОМ, ДС, Партија на пензионери поддржуваат кадар за министер за внатрешни во чиешто време:

1. се случи прислушкувањето во ОЈО, (не се откри кој ги прислушкуваше обвинителите). Ова е случај кој нема никаква разрешница.

2. се случуваа изборни нерегуларности во кои беа замешани лица од неговото најблиско опкружување, а со покривањето на истите, потврдува дека тој е директен соучесник-односно нарачател.

3. полициски началници продолжуваат да се одговорни за шверцот на дрогата.

4. се случуваат пробивања на полициски акции токму од највисоките структури околу Министерот а никој не носи одговорност.

5. од одделот за организиран криминал, во делот на економскиот криминал, до месец ноември, за минатата година немаат поднесено ниту една КП. Ниту една.

6. На светски криминалци, терористи, атентатори се издадени (продадени) македонски пасоши. ………………..

Министерот кој го штитеше кланот Заеви додека тие правеа криминал и вршеа рекет низ Македонија токму затоа е оставен, односно да Заеви продолжат со своите криминални активности.

Ќе ве потсетам на:

– апсењето на возачот на Трајче Заев заради шверц на дрога, а Трајче не беше повикан ниту на разговор во полиција,

– бришењето на името на неизбежниот Вице Заев од кривична пријава за рекет во РЕК Битола.

Горенаведените партии, поддржуваат министер кој 3 месеци во фиока го чувал предметот за затворање на станицата за технички преглед во која бил регистриран кобниот автобус на БЕСА транс. Колку мртви се доволни за да се свестите дека на полето на безбедноста не смее да има импровизации и за ова мора да има одговорност!

Власта, цели 2 месеци не може да влезе во просториите на компанијата БЕСА транс.

Не можат во простории да влезат, а ќе не внесувале во ЕВРОПА!

Срам за институциите! Срам за државата! Срам и за сите што поддржуваат криминал и неспособност!

#ИстрошениИНеспособни

#ВладаСоПоминатРок

#Промени

Целиот текст на следниот линк:

https://www.facebook.com/DraganKovachki