На денешен ден е починат Др. Христо Татарчев

Д-р Христо Татарчев (16 декември 1869, Ресен – 2 јануари 1952, Торино, Италија) — македонски лекар, еден од основачите на Македонската револуционерна организација и прв претседател на Централниот комитет. Завршил гимназија во Пловдив, а медицина во Цирих и Берлин. Во 1901 бил уапсен и заточен во Бодрум Кале.

По амнестирањето бил член на Задграничното преставништво на ЦК на ТМОРО. Бил и еден од основачите на Македонската федеративна организација.

Автор е на статии и публикации за македонското прашање.