За многу години Бадник
Нема поубав ден од тој што ќе ви започне со прекрасна Коледарска песна од милите, искрени и чисти детски срца.
Ден кога целото семејство е собрано на празнична трпеза, кога сите среќни се во исчекување на веста за Христовото раѓање. Ден кога топлината на семејната атмосфера ви ги исполнува и грее душите.
Нека е за многу години Бадник ! Да го прославите во мир, здравје, среќа и хармонија.
Нека Бадниковата вечер ви донесе мир во душата, љубов во срцата, честит празник и за многу години да е !
Нека овој Божиќ ви донесе мир во вашите души и во домот, а кај сите кои посакуваат пород, нека Бог им дари што поскоро !
Се додека имате со кого да го кршите лепчето, не е воопшто важно каде ќе падне паричката !
Христос се роди ! Вистина се роди !